fbpx

Nissan со над 4.000 продадени LEAF во јули во Европа

Европската поделба на Nissan објави дека минатиот месец пласирала 58.315 единици (Nissan и Datsun) на пазарите на Стариот континент, што е еквивалентно на пазарен удел од 3.5%

А, посебно треба да се истакне велат Јапонците се поголемата побарувачка за електричниот Nissan LEAF. Со највисок пазарен удел во првите пет европски пазари, Nissan може да се пофали со настапот во Шпанија. Во текот на изминатиот месец беа продадени 8.526 автомобили, што е еквивалентно на 5,9% од вкупниот број на реализирани возила во земјите на Европа.

Во Русија, Nissan и Datsun известуваат за реализација на 7.599 автомобили, во Велика Британија 7.254, во Франција 6.700, во Италија 4.622 и во Германија во 4.376.

Најпродаваниот автомобил во јули беше Qashqai (24.009), потоа X-Trail (6.840), Micra (5.780) и Juke (5.175). Целокупната генерација на првиот 100% електричен модел во светот, LEAF, ја зазема петтата позиција со вкупен резултат од 4.024 единици во изминатиот месец, што го чини европски лидер во сегментот.

Nissan

Поврзани вести

Back to top button