fbpx

Nissan ги носи револуционерните цврсти батерии на пазарот до 2028

Компанијата Nissan вложува сериозни напори во производството на цврсти батерии кои ќе треба да предизвикаат револуција во електромобилноста

Јапонскиот производител ги најави своите сериозни планови за создавање и производство на цврсти батерии. За таа цел, Nissan претстави прототип на производствен погон за ламинирани батериски ќелии во цврста состојба кои се надева дека ќе ги донесе на пазарот во 2028 година.

Објектот, кој се наоѓа во Истражувачкиот центар на Nissan во Канагава префектурата во Јапонија, е изграден за да го промовира развојот на батерии во цврста состојба. Планирана е пилот производствена линија во фабриката во Јокохама во фискалната 2024 година, со материјали, дизајн и производствени процеси за производство на прототипови на линијата што ќе се проучуваат во производниот капацитет на прототипот.

Производството на цврсти батерии е дел од планот Nissan Ambition 2030. Според јапонската марка, цврстите батерии можат да складираат повеќе моќност со двојно поголема густина во однос на конвенционалните литиум-јонски батерии. Тие исто така имаат и пократко време на полнење и чинат помалку поради користењето на помалку скапи материјали. До 2028 година Nissan смета дека вредноста на цврстите батерии може да биде намалена од 75 долари по kWh на 65 долари по kWh.

Во Nissan веруваат дека ова е шанса да се забрза популарноста на електричните возила. Цврстите батерии исто така можат да се користат и во повеќе сегменти на возила, вклучително и кај пикап камионетите.

„Nissan е лидер во електрификациската технологија преку широк опсег на активности со истражување и развој, од истражување на батериските материјали на молекуларно ниво, па се до развојот на безбедни, високоперформансни електрични возила. Нашите иницијативи го вклучуваат и градскиот развој со користење на ЕВ како батерии за складирање“, изјави Кунио Накагуро, извршен потпретседател задолжен за истражување и развој.

Поврзани вести

Back to top button