Nissan GT-R50 од Italdesign со ограничено производство
По повод златната годишнина, Nissan и Italdesign го изградија новиот GT-R50 чие производство е ограничено на само 50 единици
Јапонскиот производител оваа година прослави 50 години од постоењето на GT-Rмоделот, а на ова славење му се придружи и италијанската компанија Italdesign. Тие заедно го изградија GT-R50 кој претставува 710 коњски модел со ограничено производство од само 50 примероци. Цената на овој модел ќе изнесува 990.000 евра, а првите испораки се очекуваатво средината на следната година.
Прототипниот модел кој беше презентиран на фестивалот во Гудвуд, доаѓаше во сиво издание со златни акценти, но производната верзија им дозволува на купувачите да ја одберат сами комбинацијата на внатрешни и надворешни бои.
Сепак, производната варијанта на GT-R50 ќе го задржи прототипниот погон. Така, под хаубата на овој модел ќе се најде стандардниот 3,8 литарски V6 GT-R моторсо двоен турбо полнач, но во надградена варијанта со поголеми турбо полначи и интеркулери, нови бризгалки, како и нови поголеми и појачани моторни клипови. Благодарение на сето ова, GT-R50 ќе има излезна моќност од 710 коњски сили и вртежен момент од 780 Nm.
Исто така надградени ќе бидат и стандардниот GT-R менувач како и диференцијалите, а што се однесува до шасијата, овој модел ќе биде опремен со Bilstein Damp Tronic подесувачка суспензија, Brembo сопирачки и 21-инчни алумниумски тркала со мала тежина.
Од модификациите во надворешноста, GT-R50 доаѓа со покривна линија пониска за 54 mm одстандардните, преобликуван преден и нов заден спојлер, LED фарови и новзаден дифузер.
Во внатрешноста, тој добива контролна табла и централна конзола изработени од јаглеродни влакна, нови седишта изработени од алкантара и кожа, како и волан исто така изработен од алкантара.
„Овие 50 автомобили, кои прославуваат 50 години од GT-R, како и 50 години од Italdesign, ќе бидат возбудливи признанија за инженерското водство на Nissan и богатото наследство на спортски автомобили за долговреме”, изјави Боб Лајсли, директор на одделот за глобални спортскиавтомобили на Nissan.