fbpx

Nissan со кампер за сурфери

Во средина на летото, јапонскиот производител на автомобили Nissan претстави пикап за љубителите на сурфањето

За основа на новиот Titan Surfcamp послужи Titan XD Midnight Edition, кој практично стана дом на тркала и доби доста работи за активен одмор. Инженерите на Nissan го надградија новиот пикап на базата на дизелската верзија Titan XD Midnight Edition Crew Cab, во кој можат да се сместат до пет лица. Пикапот се напојува од мотор V8 Cummins, кој со волумен од 5.0 литри обезбедува 310 коњски сили и 752 Nm вртежен момент.

Автомобилот за сурфери е опремен со Nitto Ridge Grapple и комплетот за суспензија на ICON.

Пикапот е обликуван со ретро линии, па нè враќа кон Nissan Patrol од 1967 и Datsun Bluebird Wagon од 1971 година. Во товарниот простор на Nissan Titan Surfcamp има прегради за прибор за сурфање и оддели во кои љубителите на риболовот и сурфањето можат да сместат сè што е им е потребно. Багажникот е монтиран на покривот, а пикапот е опремен со соларен туш, фрижидер, тенди и шатор.

Поврзани вести

Back to top button