Nissan Leaf, X-Trail и NV350 Grand Touring Concept во Токио
Nissan најавува неколку новитети за Tokyo Auto Salon за тјунери, кој ќе се одржи во јапонската претстолнина во средината на јануари
Во центарот на вниманието се новиот Leaf, SUV изведбата X- Trail, како и комерцијалното издание NV350, сите во Grand Touring остварување. Накратко, Leaf Grand Touring Concept со мошне атрактивен стајлинг, а своја заслуга за ова имаат црните покрив и хауба, како и новите алу- тркала (исто така во црна боја).
Nissan Leaf
X-Trail Grand Touring Concept пристигнува со портокалов екстериер и контрастна браон шема, црна V- motion предна маска, црни фелни, нова форма на предните светла, како и црни долни делови на браникот. На крајот и за NV350 Grand Touring Concept, кој благодарејќи на својот off- road изглед, BF Goodrich гуми за сите терени, црни предни детали, затемнети стакла, нови тркала… наликува дека на него е направен подетален тјунинг.