fbpx

Nissan најави електричен модел како наследник на Micra во Европа

Јапонскиот производител Nissan го најави својот нов електричен модел кој ќе биде наследник на Micra на европскиот пазар

Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi неодамна го претстави својот план според кој трите бренда заеднички ќе претстават вкупно 35 електрични модели до 2030 година. Како дел од овој план, Nissan веќе го најави првиот електричен модел кој произлегува од овој план. Станува збор за електричен хечбек кој ќе биде наследник на моделот Micra.

Според компанијата, моделот ќе биде „дизајниран од Nissan, произведен од Renault“ и ќе биде базиран на CMF B-EV платформата на Алијансата. Во тизер видеото кое го објави јапонскиот производител, забележливи се овалните LED фарови и задните светла кои се спојуваат со каросеријата, осветлениот Nissan беџ, скратената хауба, конвенционалните ретровизори и рачки на вратите, аеродинамичните раткапни на тркалата и конвенционалната силуета на хечбек со пет врати.

Се уште неименуваниот електричен автомобил ќе биде новиот влезен модел во понудата на Nissan во Европа, што индиректно посочува на нешто подостапна цена. И покрај тоа што ќе биде изработен од Renault, Nissan верува дека наследникот на Micra ќе го задржи својот дух благодарение на уникатниот дизајн. Моделот ќе се произведува во Renault ElectriCity центарот во северниот дел на Франција, споделувајќи ја архитектурата со престојниот Renault 5 кој треба да започне со производство оваа година.

Nissan не откри детали окол лансирањето на пазарот, но Ашвани Гупта, оперативниот директор на Ниссан, истакна дека овој компактен ЕВ ќе пристигне наскоро. „Ова е одличен пример за ‘паметна диференцијација’ на Алијансата. Наследувајќи ја нашата икона Micra, сигурен сум дека овој нов модел ќе обезбеди дополнителна возбуда кај клиентите во Европа. Името, времето на лансирање и техничките детали ќе бидат објавени во догледно време“, додаде тој.

Поврзани вести

Back to top button