fbpx

Nissan подготви освежување за Micra

Откако петтата генерација на Micra влезе во производство кон крајот на 2016 година, Nissan постојано ја унапредува, што е случај и сега

Nissan Micra за 2021 година доби фејслифт, но освежениот модел иако можеби не делува многу различно од актуелниот, сепак станува поатрактивен со претставувањето на N-Design нивото на опременост и N-Sport моделот, кој сега е перманентен член на поставата, со спортски и младешки изглед во внатрешноста и надворешноста.

Nissan Micra

Целосно новиот N-Design се карактеризира со екстериер кој може да биде персонализиран со сјајно црни или хромирани акценти како стандардни и е поставен на двобојни 16-инчни Genki тркала. Исто така има и седишта од црна ткаенина со сиви акценти и кожен изглед на вратите и предниот панел, а може да се нарача со Energy Orange трим за подинамичен изглед.

Она што ја издвојува Nissan Micra N-Sport од останатите варијанти се сјајните црни акценти на предниот дел, страните и задниот дел, како и 17-инчните црни Perso алуминиумски тркала. Се нуди со LED предни светла за магла и фарови како стандард, Алкантара трим во внатрешноста и ергономично дизајнирани седишта кои нудат засилена поддршка и комфорт при долги патувања.

Богата опрема

Препознатливото Tekna ниво се уште е дел од опсегот и се одликува со великодушно ниво на опрема со стандарден Around View Monitor, детекција на подвижни предмети и предупредување за слепа точка, како и Bose премиум аудио систем. Меѓу останатите технолошки карактеристики, тука е и NissanConnect инфозабавниот систем со TomTom сателитска навигација, достапен како опција во сите варијанти почнувајќи од Acenta, Apple CarPlay, Android Auto и Siri гласовно препознавање.

Nissan Micra

Од Visia па нагоре, малиот хечбек на Nissan добива асистенција при стартување во нагорнини, интелигентна контрола за возење, интелигентна контрола за следење и безбедносен пакет со препознавање на сообраќајни знаци, интелигентен систем за итно сопирање со препознавање на пешаци и интервенција за коловозна лента која се нуди како стандардна во некои нивоа.

Кога станува збор за напојувањето, турбо 1,0-литарскиот мотор, кој е во согласност со Euro 6d стандардите, нуди, според Nissan, „динамично и ефикасно возачко искуство“.

Поврзани вести

Back to top button