fbpx

Nissan произведе 150 милиони возила

Компанијата Nissan Motors забележа импресивен подвиг, откако ја мина границата од 150 милиони произведени возила

Јапонскиот концерн е создаден уште во 1933 година, а во 1999 година станува сопственост на францускиот Renault кој го купува контролниот пакет акции.

Nissan е најголем извозник на автомобили, откако уште во 1958 година стапна на најважниот пазар – Северна Америка. Од 1962 година, компанијата почна да продава возила во Западна Европа. Нејзините фабрики, освен во Јапонија, произведуваат возила во САД, Кина, Индија, Мексико, Велика Британија, Шпанија ЈАР и Русија. Јапонците го произведуваат 10-милионскиот автомобил во 1971 година, а во 1990 година ја преминаа границата од 50 милиони. Бројката од 100 милиони беше достигната во 2006 година, а сега веќе таа е над 150 милиони.
Nissan
Најпопуларниот модел на Nissan е Sunny кој почна со производство уште во 1966 година и до сега од него се продадени повеќе од 16 милиони единици. Во 2006 година јапонската компанија го пушти на пазарот и првиот масовен електромобил на светот – Leaf, но поинтересно е дека уште во 1947 година Nissan произведувал автомобили на струја, моделот Tama.
Nissan
Во моментов компанијата е сопственик на трговските марки Nissan, Datsun и Infiniti, а освен автомобили Јапонците произведуваат мотори за чамци и бродови, елементи од одбраната, како и ракетни агрегати.

Поврзани вести

Back to top button