Nissan со нови X-Trail и Qashqai, но и нов електричен SUV модел за Европа

Мотивирани од продажните резултати на своите кросовери, Nissan ја обновува својата гама со новите X-Trail и Qashqai, но и целосно нов SUV модел за Европа

Nissan Juke е еден од најпопуларните компактни кросовери на Стариот континент, Qashqai е меѓу најпродаваните модели, а одлична позиционираност на пазарот има и најголемиот X-Trail.

Јапонскиот производител веќе ја претстави новата генерација на Juke, следната година пристигнува и новиот X-Trail, а и Qashqai ќе доживее свое освежување. Кога станува збор за изгледот, новиот Qashqai би требало да биде инспириран од IMQ концептот.

Nissan IMQ

Поточно, европскиот шеф на Nissan, Џанлука де Фичи, најавува наследници на моделите Qashqai и X-Trail, а потоа, кон крајот на 2020 или кон почетокот на 2021, ќе пристигне и електричен кросовер базиран на концептот Ariya од оваа година. Ariya концептот е инаку визија за електричен SUV возило од C сегментот, со должина од 4.600 милиметри и со најнова ProPILOT технологија за помош на возачот како и помош за поврзување.

Овој кросовер на Nissan би бил базиран на архитектурата на Renault, со што би се доближил до премиум сегментот. Цената се уште не е прецизирана, но се очекува да изнесува помеѓу 50.000 и 70.000 евра.

Првиот новитет кој пристигнува е новиот X-Trail и тоа веќе во следните шест месеци. Наследникот на сегашниот Qashqai се очекува во септември 2020. година, а како што стојат работите во моментов, во неговата понуда нема да има дизел мотор бидејќи акцетот ќе биде ставен на E-power хибрид технологијата.

Се на се, Nissan во следните 18 месеци ќе ја комплетира обновата на својата SUV/crossover гама.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close