fbpx

Новата генерација на Nissan X-Trail

Наскоро се очекува промоција на новата верзија на најпродаваниот SUV на Nissan

Nissan X-Trail е компактно семејно возило кое одлично си ја врши работата, макар и на прилично незамислив начин. Во својата сегашна форма, тој беше лансиран во 2013 година и е тука со години, но неговата замена пристигнува зад аголот – подобро некогаш отколку никогаш.

Со изобилство на шпионски фотографии кои ја долуваат следната генерација на X-Trail во јавноста, време е да се направи осврт на тоа како ќе изгледа и што се може да се очекува од најпродаваниот SUV на Nissan.

Редизајнот на X-Trail за 2021. година носи многу помладешки однос кон дизајнот на надворешноста, како што е случајот со Kicks и Juke, со мали детали од ланскиот концепт на Xmotion.

На предната страна доминира правоаголно подесување на предните фарови, при што главните единици се позиционирани веднаш над страничните зафати. Заштитниот знак на Nissan, како што е решетката, овојпат е поголема и поаголна од кога било, со тоа што горните делови се вклопуваат во тенките LED-светла. Шетаметралната површина е мускулеста и тонирана, додека аголните задни столбови и црниот контрастен покрив придонесуваат за убавиот изглед.

Задниот приказ има стабилен изглед со големи браници и задни светла со полна ширина. Контурите кои се гледаат под камуфлираните прототипи сугерираат двоен издувен систем, но тие не се само декоративни.

Nissan X-Trail

Nissan ќе ги исправи грешките со просечниот ентериер

Најголемата мана на актуелниот модел е неговиот просечен ентериер, кој не може да се пофали со естетски квалитети. Според извори од Nissan, овие грешки ќе бидат исправени со темелно и висококвалитетна пространа кабина со седум седишта.

Големиот екран на инфо-забавниот систем во форма на таблет овозможува конекција на бежичен интернет и паметни телефони, заедно со низа копчиња подолу кои овозможуваат брз пристап до режимите за фотоапарат, мапите и менијата.

Се очекува ProPILOT пакетот на Nissan за помош на возачот да биде стандарден, вклучително со систем за детектирање на пешаци и велосипедисти, оддржување на правец, задна меѓу-сообраќајна сигнализација, препознавање на сообраќајните знаци и интервенција на слепите точки, што го враќа X-Trail во својата лента.

Додека за дизајнот на X-Trail се познати повеќе информации, се уште не е познато за тоа каков погон ќе користи. Според некои најави, треба да се очекува 2.5-литарска бензиската единица да биде главниот извор на погон, при што 2.0-литарскиот бензинец со варијабилна компресија на Nissan за првпат ќе се понуди како дел од X-Trail. Моќноста ќе се напојува преку постојано променлива трансмисија на предните тркала, или на сите четири како опција.

Nissan X-Trail

Како дел од алијанската на Renault-Nissan-Mitsubishi, X-Trail ќе ги сподели своите основи со престојниот Mitsubishi Outlander. Притоа, Nissan ќе има пристап до хибриден погон кој ќе може да понуди 70 километри независно возење исклучиво на струја.

Иако X-Trail е глобален „топ-селер“, тој се натпреварува во сегмент кој е преполн со остварени и докажани „тешкаши“ како Toyota RAV4, Ford Escape, Honda CR-V, Subaru Forester, Jeep Cherokee, Mazda CX-5, VW Tiguan, Skoda Kodiaq, Hyundai Tucson и Kia Sportage.

Официјалниот датум за промоција се уште не е објавен, сепак, се очекува да биде откриен во следните неколку месеци, а продажбата да започне кон крајот на 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button