fbpx

Нов центар на Киа Моторс Македонија во Штип

Отворањето на свој продажен салон во центарот на Источна Македонија за импортерот на програмата на корејскиот производител е само старт во најавената офанзива за проширување на продажната мрежа

Извонредните постигнувања на Киа Моторс Македонија, особено во годината што изминува, придонесоа за поинакво размислување кај импортерот во потрага за што поголем број клиенти на нашиот пазар. Како што најавија од компанијата следи своевидна офанзива во оваа насока, па во плановите е отворање на неколку свои нови центри низ градовите во Македонија. Првата станица за Киа Моторс Македонија е Штип, за кој според анализите постои голем интерес за моделите на корејскиот гигант и отворен е нов продажен пункт.

Киа Моторс Македонија
-Во годината што изминува Kia бележи извонредни резултати на сите полиња, како во светски рамки, на своевидно рамниште и кај нас. Лансирани се три извонредни остварувања, почнувајќи од новата генерација на субкомпактот Rio, како и дебитантите на автомобилското небо, кросоверот Stonic и досега најпрестижното остварување на компанијата, извонредната креација на Stinger. Заедно со перјаницата во гамата и најпродаваниот модел кај нас Sportage и во очекување на компактниот Cee`d, решивме да ги доближиме на свој начин сите овие остварувања на македонските граѓани. Киа Моторс Македонија тргнува значи во нова офанзива, а по овој наш центар во Штип следат и слични во Струмица и Битола, истакна директорот на Киа Моторс Македонија, Владимир Билбилов.

Салонот во Штип беше официјално отворен во присуство на голем број гости, а располага со над 800 метри квадратни и е во индустрискиот регион на градот во рамките на комплексот на PSS. Наскоро според плановите, во зависност од потребите, ќе биде екипиран и сервисен дел, но за тоа-потоа!

Поврзани вести

Back to top button