Нов „скандинавец“ на македонскиот пазар
Денес во салонот на Ми-Да Гранд Моторс, импортерот за возилата на шведскиот Volvo, беше промовирана втората генерација на бестселерот на компанијата XC60
Од денес салонот на Ми-Да Гранд Моторс, импортерот за возилата на шведскиот Volvo, го красат две изданија од втората генерација на бестселерот на компанијата XC60.
По повод лансирањето на новината на македонскиот пазар се одржа и прес конференција.
Од Ми-Да Гранд Моторс потенцираа дека новата генерација на XC60 наследува автомобил кој за девет години од лансирањето на пазарот стана бестселер во својот сегмент во Европа, со речиси еден милион продадени примероци во целиот свет. Во моментов, моделот генерира околу 30% од вкупната реализација на брендот на глобално ниво. Новото XC60 ветува да стане еден од најбезбедните автомобили кои некогаш се појавиле на виделина, а „главна причина“ за тоа ќе бидат посебно димензионираната конструкција на моделот, мноштвото високо технолошки системи за активна и пасивна безбедност, како и функционалности за полуавтономно управување.
Во однос на погонските агрегати, од Volvo велат дека новото XC 60 ќе се нуди и со plug-in хибридниот погонски систем T8 Twin Engine која ветува вкупна максимална моќност од 407 коњски сили. Освен хибридот, во палетата на новиот XC 60 ќе бидат вклучени исто така дизел D4 мотор со 190 КС, D5 со PowerPulse и 235 КС, T5 бензинец со 254 КС и T6 со 320 КС. Моделот ќе пристигнува со две нивоа на опрема, а на самиот почеток стратува со промотивна цена од 52.990 евра за D4 со високо ниво на опрема.