fbpx

Нов Volkswagen Passat во август

Volkswagen објави дека по речиси 30.000.000 примероци, првите претставници на сериозно обновената осма генерација на Passat ќе бидат достапни во Европа ова лето.

Со почеток на прелиминарните продажби во мај, VW Passat ќе им понуди на корисниците сериозни технолошки новитети, вклучувајќи системот IQ.DRIVE за делумно автономно движење при постојани брзини, IQ.LIGHT светла, волан со капацитивни копчиња, нов систем со непрекината интернет конекција Modular Infotainment Matrix со интегрирана SIM картичка, систем We Connect за проследување на услуги и гласовна контрола, најновата генерација на дигитален кокпит и можност на автономно движење до 55 километри на чист електричен режим кај модификацијата Passat GTE.

Passat

Сериозен акцент меѓу двигагелите на Volkswagen Passat ќе биде и ново развиениот дволитарскиот TDI Evo мотор кој е во состојба да генерира максимална моќност од 150 коњски сили, а во исто време е со 10 грама повеќе еколошки во споредба со својот претходник во однос на емисии на CO2.

Идните сопственици на моделот ќе можат да избират исто така и меѓу три TSI бензински модификации- 150, 190 и 272 коњски сили, и уште три дизелови- 120, 190 и 240 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button