Викенд тарифа: Лукс драг трка – Bentley, Audi и Porsche
Пристигнува нова интересна драг трка, а во главните улоги се три фантастични автомобили - Bentley Flying Spur, Audi RS7 и Porsche Panamera Turbo S
Честа прв да биде претставен на оваа драг трка ја имаше Bentley Flying Spur. Моќната машина со 6,0-литарскиот W12 мотор кој произведува 635 КС и 900 Nm максимален вртежен момент, додека тежината на ова Bentley изнесува речиси 3 тони и моќноста ја пренесува со осумстепен автоматски менувач.
Неговата конкуренција, Porsche Panamera Turbo S се напојува со 4,0-литарскиот V8 мотор со дури 680 КС и 850 Nm максимален вртежен момент. Тежок е 2,3 тони и исто така пристигнува со осумстепен автоматски менувач.
За крај е осавен Audi RS7, со својот 4,0-литарски V8 мотор од 600 КС и вртежен момент од 800 Nm. Тежок е 2,1 тон и моќноста ја пренесува со осумстепен автоматски менувач.
Погледнете го видеото за да дознаете кој победи на оваа трка.