fbpx

Новата Alfa Romeo Tonale пристигна во Македонија

По глобалната премиера на Alfa Romeo Tonale, новиот кросовер на италијанската марка дебитира и на македонскиот пазар

Целосно новата Alfa Romeo Tonale пристигна во Македонија. За дебито на македонскиот пазар Tonale специјално е опремен ексклузивната верзија Edizione Speciale која се карактеризира со врвно ниво на опременост и напреден дизајн, а ќе биде достапен за купувачите кои први ќе одлучат да го купат првиот компактен SUV, кој е воедно и прв електрифициран модел на Alfa Romeo и треба да претставува пресвртница за италијанската марка.

Alfa Romeo Tonale

Alfa Romeo Tonale Edizione Speciale пристигнува со конфигурација со хибриден мотор со 130 КС и 48 V хибриден систем, а на македонскиот пазар ќе биде достапна со богата опрема која вклучува инфозабавен систем од 10,25 инчи со навигација, 12.3-инчен инструмент кластер, спортски волан обложен со кожа и алуминиумски рачки за менувач, безжичен полнач, амбиентално осветлување, предни и задни сензори за паркирање, интелигентен адаптивен темпомат, Full LED Smart Matrix предни светла, темeн кит детали за каросерија и предна решетка во V форма, затемнети стакла, спортски алуминиумски педали, отклучување без употреба на клуч и отворање на петта врата преку сензор, 20-инчни алуминиумски тркала, шепи на кочниците во црвена боја…

Alfa Romeo Tonale

Прв автомобил со NFT дигитален сертификат

Кога станува збор за „хардверските“ спецификации, треба да се истакен дека под „кожата“ на Tonale се наоѓа еволуција на постарата FCA платформа која може да се најде на модели како Jeep Compass, но со поширок траг и поголемо користење на алуминиум и модификации направени за да се вметнат новите хибридни погони. Се одликува со должина од 4.530 и висина од 1.600 милиметри, а освен тоа од Alfa истакнуваат дека 13.6:1 соодносот на управливоста е најбрзиот во класата.

Интересно, Tonale е првиот автомобил кој е опремен со NFT дигитален сертификат (non-fungible token – незаменлив токен). Базиран на „blockchain“ технологијата и поврзан на уникатен начин, NFT кај Tonale го сертифицира автомобилот при купувањето и понатаму, во текот на циклусот на користење, ја евидентира употребата на автомобилот, а главната придобивка е заштита на остаточната вредност.

Alfa Romeo Tonale

Врвна технологија

Alfa Romeo со новиот Tonale нуди целосно нов интегриран систем за информирање и забава како стандард кој, благодарение на приспособливиот Android оперативен систем и 4G поврзувањето „Over The Air“ (OTA), гарантира постојано ажурирана содржина и услуги.

Проектиран и дизајниран за центарот на нештата да биде токму возачот, Tonale ги соединува висококвалитетните материјали со ексклузивни обработки и им ги нуди на своите патници тајните на италијанското гостопримство.

Alfa Romeo Tonale

Хибридната поставка кај конкретниот Tonale примерок кој е достапен на македонскиот пазар во Edizione Speciale пристигнува со 130 КC во комбинација со нов автоматски менувач со седум брзини, 48 волтен електромотор со моќност од 15 kW и 55 Nm, кој е во состојба да пренесува погон на тркалата дури и кога моторот со внатрешно согорување е изгасен.

За повеќе информации за новиот Tonale Edizione Speciale посетете ја официјалната страна на Alfa Romeo во Македонија  или овластената продажниот салон во Скопје.

Поврзани вести

Back to top button