fbpx

Новата BMW серија 1

Третата генерација на овој баварски хечбек е една од првите BMW модели кој добива погон на предните тркала, а нејзината премиера се очекува во 2019 година

Во изминатиов период забележани се повеќе маскирани прототипни верзии на новата серија 1, која започна интензивно да се тестира по европските патишта. Со тоа полека се добива многу појасна слика за тоа што можеме да очекуваме од овој модел.

Единствено нешто што новата серија 1 ќе го има со своите претходници е дефинитнивно само емблемот BMW. Развиен од нула, овој модел се карактеризира со голем број на измени и надоградувања, кои можат да се забележат по целата надворешност.

И покрај добро скриениот изглед, може да се забележи дека каросериските линии кои беа застапени кај претходните две генерации, се сосема променети. Фаровите добиваат нов дизајн препознатлив за BMW, со многу модерен изглед, со свежи графики и целокупна аголна форма.

серија 1

Со оглед на фактот дека сите прототипни изведби до сега се со пет врати, сеуште не е јасно дали ќе има и верзија со три. Сепак, со намалувањето на побарувачката за стилот со три врати, нема да бидеме изненадени доколку баварците одлучат да ја прескокнат оваа помалку практична конфигурација.

Во интериерот се очекува зголемување на квалитетот на материјалите како и вградената технологија.

Големи промени има и во погонот кај овој модел, а една од најголемите е промената на веќе познатиот BMW погон на задните тркала, кој се префрла на предната оска. Според некои извештаи изведбите M130i xDrive и M140i xDrive ќе доаѓаат со погон на сите четири тркала.

серија 1

Конкретни информации околу агрегатите кои ќе ја погонуваат новата серија 1 нема, но се очекува да бидат искористени стандарните бензински и дизел мотори.

Премиерата на новата серија 1 се очекува кон почетокот на следната година, што значи дека неможе да се исклучи можноста од дебитирање на овој модел на саемот во Женева во март.

Поврзани вести

Back to top button