fbpx

Новата BMW Серија 1 во завршна фаза

Благодарение на новата платформа со погонот на предната оска, новата BMW Серија 1 комбинира извонредни карактеристики за ракување и поголема просторност

Маскираните прототипи на новата BMW Серија 1 може да се забележат во областа на јужна Франција, каде моментално се во фаза на завршни тестирања. Промената на класичната BMW архитектура со нова платформа со погон на предни тркала, се должи на пет годишен интензивен развој, кој е ставен на финален тест на испитните полигони на производителот, чии оптимални услови допринесуваат кон дефинирање на динамиката и агилноста на новиот BMW.

Како оригинален BMW со индивидуален карактер, новата Серија 1 се очекува да постави нови стандарди во премиум компактната класа во поглед просторната внатрешност и динамиката на возење. Тука одлично се надоврзува и новиот погон на предните тркала, кој е за прв пат имплементиран кај овој модел и значително допринесува кон поголема агилност и контрола на автомобилот. Секако, присутен е и BMW xDrive интелигентниот погон на сите четири тркала.

BMW Серија 1

“Нашите клиенти директно ќе ја почувствуваат брзата и прецизна реакција која овозможува оптимизирано искуство во возењето. Новата Серија 1 ќе претставува оригинален BMW со индивидуален карактер “, изјави шефот на оделот за возна динамика на BMW Group, Петер Ланген.

Серијата 1 е опремена со најсовремени системи за потпирање, иновативни технологии и системи за контрола на возната динамика. Новиот погон на предни тркала е новитет кај овој модел, но употребувајќи го и кај дел од останатите свои модели, BMW веќе стекна значително искуство со него, кое сега е од големо значење. Позната од моделот i3, ARB технологијата игра значителна улога во оптимизираната агилност кај овој погон, кој за прв пат е имплементиран кај возило со конвенционален мотор.

Оваа технологијата зналително ја подобрува влечната сила и истовремено значително допринесува кон поголема осетливост и побрза контрола на возилото. Системот BMW Performance Control ќе биде стандарден кај новата Серија 1, при што дополнително ќе ја зголеми агилноста преку динамичка интервенција на сопирачките.

BMW Серија 1

Што се однесува до погонските единици, баварскиот компактен хечбек се истакнува со ново развиениот четири-цилиндарски мотор, па така M135i xDrive е погонуван од најмоќниот 2,0 литарски четири-цилиндарски мотор и TwinPower Turbo технологијата на BMW. Со испорачување на 306 КС, оваа единица обезбедува исклучителни управувачко-динамички карактеристики со помош на повеќе технички решенија, како засилено коленесто вратило, нови клипови, поголем турбополнач и оптимизирани вентили за вбризгување на гориво.

Благодарение на новата архитектура на погон на предните тркала, новата Серија 1 располага со значително поголем простор во однос на моделот кој го заменува, особено во задниот дел на возилото. Така, просторот за нозете кај задната клупа е зголемен за 33 милиметри, додека тој за главата е сега поголем за 19 милиметри. Олеснат е и пристапот до багажниот простор, чиј капацитет е поголем за 20 литри.

На овој начин, новата BMW Серија 1 комбинира извонредни карактеристики за ракување со значително подобрена просторност.

Поврзани вести

Back to top button