Новата BMW серија 3 и во хибридна изведба
Новиот plug-in хибрид доаѓа со комбинирана моќност од дури 288 коњски сили и чист електричен опсег до 60 километри
По претставувањето на шест-цилиндарскиот M340i xDrive, BMW ги откри првите информации поврзани со новиот хибриден член на асортиманот, моделот 330e. Овој хибрид претставува комбинација на најновата технологија eDrive, со бензински 2.0 литарски четири-цилиндарски мотор со турбополнач. Овој бензинскиот мотор како и кај претходната генерација, испорачува моќност од 181 коњски сили, додека пак електричниот допринесува со 67 коњски сили, така што комбинираната моќност на новиот 330e изнесува 248 коњски сили со вртежен момент од 420Nm.
Најважниот елемент кај овој нов електрифициран погонски систем е новата XtraBoost функција на BMW, која се овозможува преку спортскиот режим на работа.
Оваа функција овозможува електирчниот мотор да придонесе до 40 коњски сили над својот константен максимален излез, подржувајќи го подобро бензинскиот мотор при динамични услови на возење. Така, со ова се добива комбиниран максимален излез од 288 коњски сили.
Осум-степениот пренос содржи моделска програма за промена на брзините, која е во комбинација со намалувањето на степенот на пренос преку сопирачката, со што се постигнува попрецизно и поспортско чувство при управување.
Од BMW изјавија дека овој нов и полесен модел е способен да забрза од 0-100 km/h за 6,0 секунди, при што максималната брзина изнесува 230 km/h.
Другите важни финеси кај новиот 330e вклучуваат и чист електричен опсег до 60 километри, што претставува дури 50 проценти повеќе од претходниот модел. Максималната брзина во електричниот режим изнесува 140 km/h.
Литиум-јонската батерија е со капацитет од 12 kWh и е монтирата под седиштата, а пак резервоарот за гориво се наоѓа над задната оска. Ова се резултира со намалување на багажниот простор за околу 105 литри, со што тој сега изнесува 375 литри.