Новата Dacia Sandero ќе порасне во димезии
Романскиот производител Dacia го подготвува лансирањето на новата генерација на Sandero за европскиот пазар
Според информации на Auto Bild, возилото ќе претрпи сериозни промени, а премиерата ќе се одржи во почетокот на 2019 година. Веќе е познато дека сите модели на Dacia преминуваат на новата платформа CMF-B. Ова ќе им овозможи во нивната опрема да биде вклучен систем за автоматско исклучување. Тие играат многу важна улога во добивањето на високи оценки за безбедноста.
Поради новата шасија Sandero ќе порасне во димензии и ќе се израмни со модели како Renault Megane и Ford Focus.
Нешто слично подготвува и Skoda со новата Fabia, која е врз основа на VW Polo, но со димензии ќе доближи VW Golf. Во моментов Sandero е долг 4.070, додека кај моселите од C + сегментот овој параметар е околу 4.300 mm.
Засега нема информации дали Dacia ќе предложи нов седан Logan. Палетата мотори кај новите автомобили на Романците, вклучувајќи го и Sandero, ќе биде збогатена со новиот турбомотор 1.3 TCe од Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi и концернот Daimler.