fbpx

Новата F1 патека во Саудиска Арабија е надреално технолошко чудо

Новата патека во Саудиска Арабија, која го носи името Qiddiya Speed Park, се очекува да се приклучи во F1 календарот во 2027

Саудиска Арабија го откри дизајнот на својата претстојна тркачка патека Qiddiya Speed Park Track, која се очекува да се приклучи на календарот на Formula 1 во 2027 година. Лоциран веднаш до забавниот парк во близина на главниот град на земјата, Ријад, местото може да се пофали со неколку надреални детали.

Најимпресивно е веројатно првиот свиок. Наречен „The Blade“, тој се издига 20 ката над земјата, а под него се наоѓа место за одржување концерти каде посетителите ќе се забавуваат додека автомобилите не се тркаат. А возачите нема да бидат единствените кои ќе се движат со големи брзини, бидејќи забавниот парк Six Flags што е веднаш до патеката ќе биде домаќин на Falcon’s Flight, највисокиот и најбрзиот ролеркостер во светот.

Qiddiya Speed Park Track Саудиска Арабија

Сè на сè, патеката Speed Park има повеќе од 108 метри промени на височината, а организаторите на трките ќе можат да им претстават на возачите до 21 свиок благодарение на конфигурабилниот распоред на патеката.

Инвестициската компанија Qiddiya ветува дека, покрај дивите дизајнерски детали, патеката ќе обезбеди и добри трки. Потпишана од дизајнерскиот ветеран на F1 патеки, Херман Тилке, патеката е создадена со помош на поранешниот F1 возач Алекс Вурц.

Саудиска Арабија сака да има две трки во календарот

Организаторите, исто така, ветуваат дека фановите ќе можат лесно да ја следат трката, благодарение на широкиот избор на места за седење, како и гледањето од терасите во околните згради.

Qiddiya Speed Park Track се очекува да ја замени патеката во Џеда како локација за Големата награда на Саудиска Арабија откако ќе биде завршена, во 2027 година, пренесува ESPN. Сепак, земјата изрази интерес да биде домаќин на две трки по сезона, доколку може да се договорат условите.

Qiddiya Speed Park Track Саудиска Арабија

Во 2021 година, Саудиска Арабија потпиша 10-годишен договор за одржување трки во F1. Договорот, вреден 55 милиони долари годишно за спортот, дојде со преку 450 милиони долари спонзорства од Aramco, државната нафтена компанија. Тоа го направи еден од најголемите придонесувачи за спортот и предизвика обвинувања за „перење пари преку спорт“, од агенции како Amnesty International.

Поврзани вести

Back to top button