Новата генерација на Honda Jazz
На 23 октомври на Саемот за автомобили во Токио Honda ќе ја претстави следната генерација на моделот Jazz
По објавувањето на новата Toyota Yaris, Peugeot 208, Opel Corsa и Renault Clio оваа година, Honda се подготвува да заземе дел од сегментот со лансирање на новата генерација на нејзиниот модел Jazz. Иако од официјалната слика која ја објави јапонскиот автомобилски производител неможе да се види разликаат која ја претрпел автомобилот, сепак од шпионските фотографии може да се види дека новата генерација е позаоблена. Целосен редизајн ќе добијат предните LED светла.
Во септември годинава Honda потврди дека моделот ќе биде лансиран во Европа со хибридна технологија. Новиот Honda Jazz се претпоставува дека ќе го користи моторот на хибридниот CR-V, кој ќе биде лансиран следната година. Според изјавите од компанијата погонот ќе обезбедува исклучителен спој на моќни возни перформанси и импресивна економичност на гориво. На почетокот на годината од Honda објавија дека сите модели на компанијата во Европа ќе бидат понудени со хибридни погони до 2025 година. Пред својата цел за електрификација до 2025 година, Honda ќе ја прошири примената на својот хибриден систем i-MMD.