fbpx

Нови детали за BMW 3-сите модификации „меки” хибриди

Фановите на BMW цели 7 години да го чекаа новото BMW 3. Неговата премиера веќе е сосема блиску, ќе се одржи на салонот во Париз, во октомври. И колку е поблизу настанот, толку повеќе нови детали за автомобилот се појавуваат во медиумите.

Последните од нив се објавени во изданието BMWblog, кое покажа фотки од тест на камуфлиран прототип на BMW 3. Од информациите, станува јасно дека благодарение на преминувањето на новата платформа CLAR, „тројката”, која носи индекс G20, ќе биде дури 55 килограми полесна. Во моментов модификацијата BMW 318 со 3-цилиндерски бензински мотор тежи 1.475 килограми, додека тежината на основната варијанта на новата G20 ќе биде 1.420 kg. Покрај тоа, новата „тројка” ќе има извонреден напредок во управувањето и флуидноста на движење – нешто со кое веќе успеаја да ги фасцинираат фановите, експертите од Минхен, со другите модели надградени на CLAR платформата.

Уште една новина – сите модификациите на BMW 3 ќе станат „меки” хибриди со стартер-генератор, придвижуван од посебна 48-Volt  единица. Во палетата ќе биде вклучен и комплетен хибрид, кој ќе може да се движи и само на електрична енергија. Моторите за моделот ќе бидат 2,0-литарски бензински (B48) и дизел (B47). А топ-верзијата, барем во прво време ќе биде BMW M340i. Која ќе се потпира на 6-цилиндерскиот B58, чија моќност ќе се зголеми до 385 КС.

bmw 3

Преносот ќе биде на задната оска или пак на сите четири тркала (xDrive). Основните верзии ќе имаат рачен менувач, а остатокот – 8-степен автоматски. Радикални промени ќе има и во ентериерот, каде архитектурата и центалната консола ќе бидат преземени од новата Series 8.

Продажбата на седан варијантата започнува веднаш по премиерата. Накратко по ова ќе биде понуден и караван. Сеуште не е јасно што ќе се случи со лифтбекот 3 GT, за чија судбина сеуште се дискутира.

Поврзани вести

Back to top button