fbpx

33 нови екоавтобуси од MAN низ улиците на Скопје

Градоначалникот Шилегов вчера го потпиша Договорот за набавка на нови 33 екоавтобуси на гас од компанијата MAN

Со потпишување на овој договор, постапката за набавка на новите екоавтобуси официјано започнува, а нивното пристигнување како и вклучување во сообраќај се очекува да се случи веќе од идната пролет. Ова ќе придонесе кон значително подобрување на јавниот транспорт на патници во главниот град, кој ќе се вброи во редот на европски метрополи кои користат ваков вид на автобуси.

„Tриесет и три нови еколошки автобуси со погон на гас ќе бидат дел од возниот парк на ЈСП. Наша заложба е креирање јавен транспорт кој е економски ефикасен и не го загадува воздухот. Набавуваме 21 нископоден автобус со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со поединечен капацитет од 149 патници“, изјави Шилегов на потпишувањето на договорот.

MAN

Новите автобуси се во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволува стандардите за емисија на Euro 6. Овој тип на автобус во Германија ја поседува ознаката „Син ангел“ и е прогласен за екоавтобус за 2016 година во Европа.

Градоначалникот додаде дека новите автобуси се енергетско ефикасни и дека ако се направи споредба со потрошувачката на старите дизел-автобуси, овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП.

Градот одлуката за набавка на ваков тип автобуси ја направи по извршеното тест возење во текот минатата година, кога низ Скопје пробно сообраќаа три различни модели на автобуси на гас и еден електричен автобус од различни производители, вклучувајќи го и автобусот од MAN којшто според патниците беше најдобро оценет и најсоодветен за јавниот сообраќај во Скопје.

 

Поврзани вести

Back to top button