Новиот Audi S8 се враќа со суптилен изглед и V8 мотор
Германскиот спортски седан се враќа со бензински V8, активна суспензија и управување на задни тркала
Ѕвездата на филмови како што се Ronin и Taken, се враќа во целосно нова генерација под чија хауба се наоѓа бензинскиот twin-turbo V8 мотор. Спортската лимузина го задржа своето суптилно влијание, но за разлика од многу други S модели на Audi, тој не се откажува од својот бензински мотор.
Новиот S8 е базиран на новата генерација на А8 која пристигна во 2017 година и го дели својот 4,0 литарски двоен турбо V8 мотор со други модели на Audi и Volkswagen. Во оваа форма V8 испорачува моќност од 563 коњски сили и врежен момент од 800 Nm, а пропратен е од 48V благиот хибриден систем, составен од стартен генератор и литиум-јонска батерија. За разлика од SQ7 и SQ8 каде што системот го погонува електричниот компресот, во S8 тој дејствува чисто како благ асистент за моторните оптоварувања, го подобрува старт-стоп системот и помага при зголемување на вртежниот момент за време на деактивација на цилиндрите. Останатиот дел од погонскиот агрегат е составен од осум-степениот автоматски менувач на ZF и Quattro погонот на сите тркала.
Со цел да го направи колку што е можно поагилен, Audi го опреми новиот S8 со своите најнови технолошки достигнувања во поглед на шасиските системи. Така, како дел од германската лимузина се системот за управување на задните тркала, сопирачките со јаглеродна керамика и ревидираната верзија на воздушното потпирање на стандардниот модел. Системот за потпирање работи на принцип со активно скенирање на патот и одредување на неговите неправилности, за да овозможи прилагодување на секое тркало однапред.
Естетски, S8 ги следи своите претходници со изразено суптилен изглед. За разлика од A8 S-line, тој доаѓа со некои мали измени во предниот дел и издувен систем со четири цевки. Внатре, клиентите ќе можат да го специфицираат вообичаениот избор на внатрешни бои, со нарачани шаблони за шиење и јаглеродни влакна меѓу елементите наменети за S8.
Луксузната лимузина се очекува да се појави на пазарот нешто подоцна оваа година, а со оглед на нејзината извонредна количина на стандардна опрема, веројатно е почетна цена да биде од 100.000 долари.