fbpx

Новиот Audi e-Tron GT пристигна во Македонија

Електричниот спортски седан на Audi, моделот e-Tron GT и неговата перформансна верзија RS e-Tron GT пристигнаа во Македонија

Новиот електричен адут на германската марка Audi, моделот e-Tron GT, сега е достапен на македонскиот пазар откако пристигна во продажниот салон во рамките на комплексот Порше Македонија. Целосно електричниот Gran Turismo е достапен во двe верзии, и во двата случаи со погон на сите тркала. Како Audi e-tron GT quattro и RS e-tron GT

Со лансирањето на Audi e-tron GT quattro и RS e-tron GT, германската марка отвора патека во исклучително возбудливата иднина на електричната мобилност. Купето со четири врати го реинтерпретира традиционалниот концепт на Gran Turismo –  со експресивен дизајн и револуционерна технологија.

Audi e-Tron GT

Погонот на сите четири тркала се добива благодарение на двата моќни електрични мотори, по еден на двете оски. Кај Audi e-tron GT quattro, тие испорачуваат 476 КС и 630 Nm вртежен момент, додека кај RS e-tron GT, тие бројки се искачуваат до 598 КС и вртежен момент од 830 Nm. Со својот капацитет од 84 kWh, литиум-јонската батерија им овозможува на моделите да постигнат опсег до 488 километри, додека нејзината технологија од 800 волти гарантира дека батеријата може да се наполни исклучително брзо.

Стандардниот Audi e-Tron GТ спринтот од нула до „стотка“ го достигнува за 4,1 секунда, а максималната брзниа е 245 километри на час, додека перформансниот RS e-Tron истата дистанца ја минува за 3,3 секунди, пред да достигне максимална брзина од 250 километри на час. Audi e-Tron GT пристигнува со стандардно заклучување на механичкиот диференцијал, додека контролираното заклучување на диференцијал на задната осовина доаѓа како опција, додека кај RS e-Тron GT е стандарден дел од опремата. Облогата од волфрам карбид на плочките на сопирачките дополнително ги подобрува перформансите на системот за сопирање, додека спортскиот e-tron звук создава соодветна акустична позадина за ова технолошко ремек-дело. Сите овие карактеристики се достапни и за Audi e-Тron GT quattro.

Audi e-Tron GT

Богат ентериер

Кога станува збор за ентериерот, Audi ја задржува својата традиција на богата опременост, но во согласност со новата филозофија, забележливи се промените кон иднината. За разлика од претходно, тука сега се наоѓа 12,3-инчниот екран на допир на централната конзола кој е насочен кон возачот, а наместо помалиот, 8,6-инчен екран кој беше пракса досега, сега е поставен помал екран и физички копчиња за клима-уредот. Ентериерот на e-Тron GT се одликува со вообичаените спортски додатоци како што се спортски седишта, голема количина на карбонски трим, црвени шевови и управувач со рамно дно обложен во Алкантара.

Audi e-Tron GT

Достапни се голем број опции за двата модели, вклучувајќи тркала до 21 инчи, управување со сите тркала, Matrix LED фарови со ласерско светло на Audi и материјали за седишта кои содржат висок процент на рециклирани материјали.

 

Поврзани вести

Back to top button