fbpx

Новиот Citroën C5 X пристигна во Македонија

Новиот адут на марката во D-сегментот, Citroën C5 X, пристигна во Македонија каде ќе биде достапен во бензинска и plug-in хибридна верзија

Новиот Citroën C5 X пристигна на македонскиот пазар. Новата генерација се одликува со уникатен карактер, динамичен дизајн и практичност и функционалност, трите главни карактеристики на француската марка. Поради својот клиренс, дизајн на задниот дел и пространоста која ја нуди, новиот C5 X е комбинација на кросовер, седан и караван, што го прави уникатен модел на пазарот.

Citroën C5 X

Со претставувањето на новиот предводник на гамата, C5 X, се вдахнува нов живот во сегментот на големи автомобили со оригинален дизајн кој комбинира седан со караван (1.1865 mm должина, 1.485 mm висина и 2.785 mm меѓуоскино растојание). Toa е иновативен предлог во најчистата традиција на големите автомобили на Citroën. Издигнатиот став пак, благодарение на зголеменото растојание од подлогата, во споредба со традиционален седан и тркалата со голем дијаметар од 720 mm, овозможува повисока позиција при возење, за поголема безбедност и видливост, што многу се цени од љубителите на SUV. Овој нов модел, достапен во бензинска и plug-in hybrid изведба, ја изразува модерноста, статусот и иновацијата, а сето тоа како одговор на високите очекувања на клиентите од сегментите SUV и големи автомобили.

Врвен комфор

C5 X пробива нов терен со претставувањето на активното потпирање Citroën Advanced Comfort на ниво на светска премиера, кое дополниетелно го нагласува врвниот комфор при возењето, чувство тесно поврзано со историјата на Citroën. Со внатрешност налик на дневна соба, нудејќи го препознатливиот комфор на седиштата Advanced Comfort и неспоредливата просторност, особено во вториот ред. Багажникот, со капацитет од 545 литри и до 1.640 литри кога задните седишта се преклопени, како и прецизна изработка, идеално одговара на потребите на љубителите на караванските возила.

Citroën C5 X

Plug-in хибридната верзија нуди електричен режим на дневно ниво, а притоа го нагласува чувството на спокој во патничката кабина. Испорачувајќи 225 КС, хибридната верзија нуди задоволство со тивко стартување и работа со нула емисии на CO2, повеќе од 50 km во електричен режим, автономија соодветна на повеќето патувања на дневна основа, со брзина и до 135 km/h. Можно е да поминете цела седмица без да го употребите моторот со внатрешно согорување при вообичаените кратки рути, полнејќи го автомобилот дома, на работа или на јавна станица за полнење. Во исто време кога патувате надвор од градот, на викенд или одмор без грижи околу полнење, моторот со внатрешно согорување, кој е економичен и ефикасен, ја презема улогата. Бензинската изведба, доаѓа со мотори PureTech 130 и 180 КС.

Напредни технологии

Чувството на благосостојба во патничката кабина, исто така, е зголемено преку напредните технологии што ја поедноставуваат употребата на автомобилот. На пример, проширениот Head Up екран, како и цела низа функции за помош во возењето што го намалуваат менталното оптоварување на возачот, како Highway Driver Assist, или новиот интерфејс за информации и забава со централен 12-инчен HD екран на допир, гласовно препознавање и прилагодлив дисплеј со додатоци, исто како кај таблет.

Новиот Citroën C5 X можете да го видите во продажниот салон на Автонова во Скопје. Почетната цена за новиот адут на француската марка на македонскиот пазар стартува од 34.490 евра, односно 49.490 евра за plug-in хибридната верзија. За повеќе информации посетете го продажниот салон на Автонова или официјалната веб-страна на Citroën во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button