Новиот хипер модел на McLaren ќе се вика SPEEDTAIL
Eксклузивниот производител на супер-спортски автомобили McLaren објави дека сериската верзија на BP23, која сега е позната под ова кодно име, ќе се вика SPEEDTAIL
McLaren најавува дека новиот хибриден модел со три седишта ќе понуди врвно однесување, динамички перформанси и луксуз и ќе биде завршен пред крајот на оваа година. SPEEDTAIL, за кој се очекува да развие максимална брзина од преку 390 km/h, ќе се произведува само во 106 примероци, за по основна цена од 1,6 милиони фунти.