Hyundai i20 N Line доаѓа со спортски изглед и елеганција
Hyundai i20 N Line e најновиот модел на корејската компанија кој добива перформансни и спортски детали, а ќе пристигне на одредени пазари догодина
Како што може да се очекува, Hyundai i20 N Line е базиран на Sensuous Sportiness дизајнерскиот идентитет на компанијата и инкорпорира некои модификации од помалите i20 модели. На пример, тука е новиот преден браник со сива нијанса за кој Hyundai вели дека создава „уште поспортско чувство“. Големата црна решетка е опремена со N Line беџ.
Дизајнерите на Hyundai продолжија со модификациите на задната страна со нов браник, двојна хромирана издувна цевка и магленки во форма на триаголник вметнати во дифузерот. Сетот 17-инчни тркала од легура со двобоен финиш го комплетираат конечниот изглед.
На купувачите ќе им бидат понудени Phantom Black, Aurora Grey, Polar White и Brass бои како опција. Оние кои ќе се одлучат за Polar White исто така како опција имаат можност да го добијат двобојниот Phantom Black покрив.
Ексклузивен перформансен стајлинг
Промените продолжуваат и во кабината каде се наоѓаат N спортските седишта со N лого и ексклузивни црвени шевови. Тука е и N управувачот, рачката од менувачот е обложена со кожа и има црвени инсерти, а на крајот тука се и металните педали. Исто како и кај останатите i20 модели, Hyundai i20 N Line ја добива и најновата верзија на Bluelink технологија која вклучува голем број Connected Car сервиси како што е Hyundai Live Services и голем број далечински додатоци преку Bluelink апликацијата за паметни телефони.
За напојувањето на i20 N Line е задолжен 1,0-литарскиот T-GDI турбо мотор кој произведува 118 КС. Овој мотор како опција се нуди со 48-волтна блага хибридна технологија со цел да се подобри ефикасноста. Intelligent Manual Transmision (iMT) на Hyundai исто така е во понудата.
„Со целосно новиот i20 N Line, ние ја носиме нашата стилска и спортска трим опција за i20 за прв пат“, изјави потпретседателот за маркетинг во Hyundai Motor Europe, Андреас Кристоф Хофман. „Со овој нов модел, ние се осигуруваме дека ќе ги пресретнеме потребите на уште поширока потрошувачка база со нудење на ексклузивен перформансен стајлинг инспириран од нашиот N бренд со цел да ги нагласиме мотоспорт корените на нашиот бренд“.