fbpx

Новиот и потполно елекричен Porsche Taycan

Со новиот Taycan, започнува електричната ера за Porsche

Престижниот производител на спортски автомобили, го започна своето комплетно залагање за имплементирање на електрична мобилност во својата гама. Како дел од церемонијата „70 години спортски автомобили”, Porsche ја искористи можноста да го најави првиот модел од својата нова целосно електрична серија, новиот Taycan. Новиот комплетно електричен модел веќе беше претставен во март оваа година како концепт верзијата под името Mission E. Лансирањето на овој модел ќе биде изведено со помош на нови 1.200 вработувања, како и инвестиции од шест милијарди евра.

Porsche Taycan

Заменик претседателот на Извршниот одбор во компанијата, Лутц Мешке убедливо изјави: „Ние предвидуваме дека над 50 проценти од моделите на Porsche, испорачани од 2025 година, ќе бидат комплетно електрични возила”. Новите објекти во кои ќе се врши производството и монтажата на Taycan, претставуваат пример за ефективен пристап со кој Porsche ќе се оттргне од досегашниот традиционален начин на производство. Така, со помош на примената на производство на т.н. флексибилна линија, Porsche ќе стане првиот производител на возила кој користи транспортен систем без управување со помош на возачи во процесот на производство. Процесот на производство на Taycan е јаглеродно неутрален, со главна цел во иднина да се добие фабрика која со своето производство нема воопшто да штети на животната средина.

Исто како и Porsche 919 Hybrid, така и новиот електричен модел ќе се напојува со иновативната 800V технологија. Овој систем е наречен „Porsche Turbo Charging“, кој користи конектор за комбинирано полнење (Combined Charging System-CCS), при што протокот од 800V го дели во два 400V приклучоци. На овој начин, со полнење од 15тина минути се добива околу 80% батериски капацитет, додека пак максималниот опсег на возење изнесува околу 500 km.Porsche Taycan

Нивото на напон ефикасно го поставува курсот за целиот електричен погон почнувајќи од батеријата, преку електрониката и електромоторите, па сè до капацитетот на процесот за полнење. За оваа цел се користи литиум-јонска батерија со течно ладење. Електричниот модел ќе биде со погон од два перманентно побудени синхрони мотори (PSM), со излезна моќност од преку 600 коњски сили и со забрзување од 0-100 km/h за помалку од 3,5 секунди.

Што се однесува до цената, најавено е дека новиот Taycon ќе чини нешто помалку од Panamera.

Поврзани вести

Back to top button