fbpx

Новиот Mercedes-AMG One од 4 милиони долари

Познат како Project One, новиот AMG го збогатува светот на супер автомобилите

Светот на врвните супер автомобили е сега надополнет со новио модел на Mercedes, односно Mercedes-AMG One. Претходно познат под името Project One, германскиот супер автомобил се очекува да пристигне кај своите сопственици во наредните неколку месеци.

Во ограничено производство од само 275 примероци, производителот само дополнително ја зголемува ексклузивноста на овој модел. Под хаубата на Mercedes-AMG One се наоѓа Формула 1-изведениот 1,6 литарски V6 мотор, пропратен од турбо полнач и четири електрични мотори. Од тука се добива комбинирана излезна моќност од 1.020 коњски сили, забрзување до 200 км/час за помалку од шест секунди, максимална брзина од 350 км/час и сето тоа со просечна потрошувачка од само 13 литри.

https://www.youtube.com/watch?v=du8h0Rs6Hp0

Поврзани вести

Back to top button