fbpx

Новиот Mustang GT500 ќе има 3Д печатени делови

Од Ford изјавија декa оваа 3Д технологија ќе ја применат и кај својот престоен модел кој ќе се појави на пазарот во 2019 година

Изминатата недела, американскиот производител Ford го прослави отварањето на својот нов производен центар во Ретфотд, Мичиген. Оваа фабрика има вредност од 45 милиони долари, а во неа се наоѓаат дури 23 принтери за 3Д печатење. Оваа компанија работи со 10 компании кои се занимаваат со 3Д печатење, со кои заедно изработуваат компоненти за голем број Ford возила.

Меѓу првите делови кои Ford ќе ги изработи со процесот на 3Д печатење ќе бидат две индивидуални делови од системот за сопирање на новиот високоперформансен Mustang GT500. Производителот се уште не објавил конкретни информации за кои делови точно станува збор, но тие најверојатно ќе бидат поевтини за производство, како и полесни од деловите произведени со традиционалните методи.

Освен овој модел, Ford веќе има имплементирано 3Д печатени делови во моделот F-150 Raptor кој се прозиведува во Кина. Се работи за делови од внатрешноста, кои со помош на оваа 3Д метода, вкупната временска производствена линија на овој модел му ја намалуваат за време од неколку недели.

Покрај овој интересен податок, познати ни сеуште неколку интересни детали околу престојниот модел. Новиот Mustang GT500 ќе биде опременсо V8 мотор кој користи супер-полнење и испорачува излезна моќност од 700 коњски сили, сошто овој модел претставува најмоќното производствено возило на Ford.

Нарачaниот дизајн гарантира дека новиот GT500 дефинитивно ќе се истакнува од сите останати варијанти на Mustang. Досегашните слики на овој модел самого потврдуваат тоа. Од нив се гледаат некои од елементите на GT500 како големиот заден спојлер, тркалата изработени од јаглеродни влакна и зголемените доводи на воздух.

Новиот Ford Mustang GT500 ќе ја доживее својата глобалнапремиера на 14 јануари на саемот во Детроит, а на пазарот ќе се појави нешто подоцна во 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button