fbpx

Новиот Opel Grandland премиерно прикажан во Македонија

Во салонот на Opel Македонија – Еуроимпекс се одржа македонската промоцијата на новиот Opel Grandland

Конечно вистинска промоција на нов модел во Скопје. Opel подготви фејслифт третман за својот SUV модел Grandland, кој минува низ драстична промена на визуелниот изглед, како во внатрешноста, така и на надворешноста. По премиерата на светско ниво, новиот Grandland пристигна и на македонскиот пазар. За време на македонската премиера, моделот беше претставен во 3 различни верзии и 3 различни бои, а на самата промоција и беше потенциран секој еден елемент од новитетите на Новиот Grandland. Со ова имавме можност одблиску да се запознаеме со новиот Opel Visor, InteliLux LED светлата, AGR седиштата како и новиот Pure Panel.

Opel Grandland

Поголеми промени се направени во внатрешноста каде Grandland добива ревидирана контролна табла на која е сместена поставката со двоен екран. Поставени еден до друг, дигиталниот инструмент кластер и инфозабавниот систем се поставени слично како кај Mokka, додека поскапите верзии добиваат и поголем 10-инчен екран на допир за инфозабавниот систем.

„Во автомобилската индустрија минуваме низ турболентен период, меѓутоа – што се однесува до Опел брендот, заедно со нашите ценети продажно сервисни дилери Аутомакедонија од Скопје и АутоЦем од Тетово, работиме во насока на претставување на новиот пристап на Опел брендот, новата стратегија, новите модели и кон освојување на нови клиенти. По процесот на детоксификација, Опел брендот денес има нов лик а и имаме и нов таргет на публика кон која се обраќаме. Но и покрај тоа, Опел не ја менува својата ДНК: тој е доверлив модерен германски бренд, технолошки напреден и со чист и прецизен дизајн“, изјави маркетинг менаџерот на Opel во Македонија, Ивана Манчева Михајловска.

Opel додава уште повеќе технологија во освежениот Grandland со поставувањето на 360-степена камера и адаптивен темпомат со Start & Stop систем во случај кросоверот да е опремен со автоматски менувач. Унапредениот кросовер сега пристигнува и со активен систем за одржување во коловозната лента и автоматски паркинг асистент.

Opel Grandland во Македонија

„Ова ни е втора промоција откако Opel направи едно големо ресетирање од COLD во COOL и враќање кон својата изворна ДНК: германски, модерен, возбудлив и пристапен. Овие ДНК вредности се вткаени со секој производ што излегува од Opel и го демонстрира нашето тежнеење кон квалитет, беспрекорно прецизен и чист дизајн, интуитивен ентериер, активна удобност на возачот, возење кое го ангажира возачот и корисни иновации кои се достапни на сите клиенти. Овие ДНК елементи ги има нашиот претставник во SUV – C сегментот базиран на „multi-energy“ EMP2 платформата на Stellantis – новиот Opel Grandland“, изјави продукт менаџерот на Opel, Драган Јовев.

Новиот Grandland, кој излегува од производната лента во фабриката во Ајзенах, Германија, на нашиот пазар има почетна цена од 25.390 евра со турбобензиски мотор 1.2 и моќност 130 КС, со „Grandland“ ниво на опременост.

Повеќе информации за моделот можат да се добијат во продажните салони на Opel, или пак на официјалната веб страна opel.mk и на дилерските страници.

Поврзани вести

Back to top button