Новиот Opel Movano е посовремен од кога било досега
Компанијата вметна бројни системи за системи за помош и технологии во новиот Movano за побезбедно и попријатно возење
Со цел олеснување на работата и зголемување на безбедноста во сообраќајот Opel се погрижи Movano покрај карактеристичниот дизајн на куќата да им даде на своите клиенти и функционалност. Функции како што се: предупредување за слепи точки и предупредување за напуштање на лента, камерата за возење во рикверц, предни и задни сензори за паркирање, специјална камера која му покажува на возачот што се случува зад возилото додека се движи…
Германскиот бренд кој ја има најмладата флота на LCV возила го опишува овој модел како модерна мобилна канцеларија. Со вкупно 22 оддели за складирање, дизајни како што е FlexTray касетата со капацитет до 10,5 литри и седиштата кои се полни со воздух гарантираат безбедно и удобно патување.
Новиот Movano се нуди во 150 варијанти и конверзии, бидејќи е достапен во четири должина и три висини, со максимална бруто тежина на возило до 4,5 тони и 17 кубни метри товарен волумен. Благодарение на новите рачки на страничните ѕидови и LED осветлувањето, товарниот простор сега е уште попогоден.
„Новиот Opel Movano е совршен партнер за работа и е идеален за возачите кои го користат за комерцијални цели. Затоа нашите програмери се фокусираа на понатамошна оптимизација на возилото како високо ефикасен целосен пакет. Ова е очигледно во неговите бројни системи за помош и технологии, како и во подобрените области на ергономија и складирање”, вели Тобиас Стовер, менаџерот на Opel LCV Group. „Со Movano, продолжуваме доследно да ја спроведуваме нашата стратегија за раст на LCV. Заедно со неодамна презентираната Vivaro и успешно лансираниот Combo Cargo, на пазарот му нудиме сигурен германски LCV бренд за сите”