fbpx

Новиот Opel Vivaro-e доби водороден погон

Германскиот производител Opel ја прифати технологијата на горивни ќелии за своето лесно комерцијално возило, новиот Vivaro-е

Opel го претстави новиот Vivaro-e Hydrogen, plug-in електричното лесно комерцијално возило кое добива водороден погон, поточно технологија на горивни ќелии, а на европските пазари ќе пристигне пред крајот на годината. Моделот ќе биде достапен во верзија со стандардно и продолжено меѓуоскино растојание, со тоа што стандардното издание има должина од 4,95 метри, додека продолжената варијанта изнесува 5,30 метри.

Она што е најважно кога станува збор за ваков тип возила е тоа дека багажниот капацитет кај овој модел е ист како кај дизелската и батериската електрична верзија, со простор од 6,1 кубни метри и 1.100 килограми товарен капацитет. Водородните резервоари, кои ја менуваат батеријата од ЕВ моделот, можат да се наполнат за три минути, за вкупен опсег на движење од 400 километри.

Vivaro-e

Горивните ќелии од 45 kW генерираат „доволно моќ за постојано движење на автопат“ и добива асистенција од 10,5 kWh литиум-јонска батерија позиционирана под предните седишта. Ова ја зголемува максималната моќност при стартување и при забрзување, а исто така овозможува и регенеративно сопирање. Покрај ова, батеријата може да се наполни на јавни или приватни станици, а во таков случај, Opel Vivaro-e добива целосно електричен опсег на движење од 50 километри.

„Водородот може да биде централниот елемент од еден интегриран и ефикасен енергетски систем на иднината, ослободен од фосилните горива. Имаме повеќе од 20 години искуство во технологијата на водородни ќелии. Тешко дека постои друг погонски систем на светот кој нуди комбинација на нула емисии, долг опсег на движење и само три минути полнење“, изјави извршниот директор на Opel, Михаел Лохшелер.

Поврзани вести

Back to top button