fbpx

Новиот Pagani Huayra Roadster BC пристигнува со V12

Новиот хиперавтомобил на Pagani претставува најагресивниот Huayra уште од оригиналното деби на моделот уште во 2012 година

Како и сите модели на компанијата, така и новиот Huayra Roadster BC ќе биде изработен во ограничено издание, со само 40 примероци, кои веќе се продадени.

Најновата креација на Pagani користи еволуирана верзија на сопствената шасија од карбо-таниум, која не е само полесна, туку и посилна од кога било. Така, Huayra Roadster BC тежи само 1.250 килограми, што звучи страшно возбудливо доколку ја земете во предвид моќноста што ја нуди.

Твин-турбо 6,0 литарскиот V12 мотор е новата единица која е специјално дизајнирана за Pagani од AMG, а ќе се најде и во идните модели на производителот. Излезната моќност е проценета на 791 коњски сили и вртежен момент од 1050Nm, а како и доссега, седум-степениот Xtrac автоматизираниот рачен менувач е единствената опција.

1 | Huayra
2 | Huayra

    Каросеријата е речиси целосно нова, со има агресивна аеро агенда, која произведува 500 килограми на притисна сила од воздухот на 280 km/h. Предниот сплитер сега е поголем, задниот дел добил редизајнирани елементи, фиксирано е огромно крило кое се протега по должината на автомобилот, а секако тука е и новиот масивен дифузер. Издувниот систем е исто така нов и доаѓа со шест цевки, од кои две излегуваат од дифузерот.

    Pagani се уште не откри конкретни бројки околу перформансните достигнувања на Huayra Roadster BC, но тие напоменаа дека тој може да достигне напречно забрзување од 1,9 G при константно возење, максимално до 2,2 G и сопирање на 2,2 G.

    Поврзани вести

    Back to top button