fbpx

Новиот Peugeot 208 доаѓа и во електрична изведба

Целосно новиот 208 пристигнува оваа година, при што освен со стандардните бензински и дизел мотори, погонскиот асортиман ќе му биде збогатен и со електричен мотор

Новиот Peugeot 208 очекуваме да го погледнеме на саемот во Женева наредниот месец. Веќе успеавме да го ѕирнеме новиот дизајн на стандардната, како и спортската GTi изведба, но ова е прв пат да имаме прилика да ја погледнеме и електричната изведба на овој модел.

Шпиунските фотки се направени за време на тестирањето на прототипната верзија,  па од нив може да забележиме дека Peugeot 208 EV изгледа речиси идентично со стандардните прототипни изведби.

Маскираниот изглед е навистина многу ефикасен при сокривање на каросеријата, вклучувајќи го и приклучокот за полнење. Покрај тоа што возилото не емитувало никаков звук при возењето, друго навестување за електричиот погон е и обликот на задниот браник, каде недостасува системот за спроведување на издувните гасови, односно издувните цевки.

208

208

Кај надворешниот дизајн е и повеќе од јасно стилското влијание на 308 во однос на пропорциите, додека пак во однос на дизајнот на фаровите и задните светла, се забележува присуството на 508.

Што се однесува до интериерот пак, новиот 208 се очекува да добие целосно редизајнирана кабина, инспирирана од најновите модели на овој бренд. Така, тој ќе биде опремен со нов инфозабавен систем, повеќе опции околу приклучоците, како и широк спектар на системи за помош на возачот.

Слично како и кај малиот кросовер DS3 Crossback и престојната Opel Corsa, втората генерација на 208 ќе ја користи CMP и електрична e-CMP платформа на PSA. Придобивките од префрлувањето на овие платформи вклучуваат подобро пакување, попространа внатрешност и можност за сместување на поширок спектар на погонски агрегати.

За сега, Peugeot е прилично таинствен околу деталите за новата електрична изведба на 208, но се очекува овој модел да понуди возен опсег од над 300 километри, исто како кај DS 3 Crossback E-Tense. Тој 30би требало да се појави на пазарот малку подоцна од стандардниот модел, кој пак ќе биде опремен со најновите PureTech турбо бензински единици, како и BlueHDi турбо дизелите.

Поврзани вести

Back to top button