fbpx

Новиот Peugeot 3008 пристигна и во Македонија

Новата генерација на Peugeot 3008, која се одликува со еволутивен дизајн и ја претставува иднината на брендот, пристигна во Македонија

По светската премиера, новата генерација на Peugeot 3008 сега притигна и на македонскиот пазар. Новата итерација на популарниот SUV ќе биде достапна со електричен, хибриден и plug-in хибриден погон кој се очекува да пристигне нешто подоцна.

Со новата генерација на 3008 Peugeot добива поинаков печат, а моделот сега се одликува fastback изглед наместо класичен SUV кој го прифаќа мускулестиот дизајнерски јазик на автомобилите како новиот 4008, и има далеку поспортска линија на покривот од актуелниот 3008.

Peugeot 3008

Впечаток оставаат потенките предни светла и тројните LED светла што се надополнуваат со претежно покриената решетка која се прелева во предниот браник. Меѓу останатите карактеристики тука се футуристичките алуминиумски тркала, сјајно црна обвивка на долниот дел од каросеријата и силно наваленото задно стакло.

Меѓуоскиното растојание на E-3008 од 2.739 милиметри е за 64 милиметри поголемо од стариот 3008, што треба да им даде на патниците на задните седишта забележително зголемување на просторот за нозете на задниот дел. Во предниот дел се истакнува новиот 21-инчен заоблен панорамски дисплеј на Peugeot i-Cockpit.

Peugeot 3008

Кога станува збор за електричниот погон, постојат неколку опции кои се достапни. Првата доаѓа со батерија од 73 kWh со еден електромотор кој испорачува 210 КС и 343 Nm. Погонот е на предните тркала и има максимална брзина од 170 километри на час. По ова следува верзија со два електромотори кои ја користат истата батерија и вкупно 320 КС кои се пренесуваат на сите четири тркала. На врвот се наоѓа варијантата со продолжен опсег со погон на предните тркала и електричен мотор со 231 КС, како и поголема батерија од 98 kWh, благодарение на која, според Peugeot, електричниот SUV ќе може да помине 700 километри со едно полнење.

Кога станува збор за опциите со погон на внатрешно согорување, треба да се земе предвид дека во понудата ќе има исклучиво електрифицирани системи. Така, бензинскиот 1.2 Puretech мотор со 136 КС пристигнува со благ хибриден систем и се нуди со автоматски менувач.

За повеќе информации посетете го продажниот салон на Еуроимпекс во Скопје или официјалната веб-страница на Peugeot во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button