fbpx

Новиот Peugeot 308 е Автомобил на годината во Германија

Новата генерација на адутот на Peugeot, моделот 308, ја понесе наградата за Автомобил на годината во Германија

Жирито за „Aвтомобил на годината во Германија“ (GCOTY) го прогласи новиот Peugeot 308 како победник во конкуренција на 11 кандидати од 9 производители на автомобили во компактната класа. За жирито, стратегијата на Peugeot наречена „Моќта на изборот“, доби посебен фокус. Благодарение на оваа стратегија, купувачите можат да избираат помеѓу бензин, дизел и два plug-in хибридни мотори. Покрај тоа, 308 ја доби наградата и поради својата модерна технологија, дигиталниот и индивидуално програмираниот Peugeot i-Cockpit како и новиот дизајн со новото лого на марката.

Новиот Peugeot 308 е прогласен за победник, како и неговиот претходник кој има добиено многу награди, вклучително и наградата „Автомобил на годината за 2014 година“.

„Ова е прва награда за новата генерација на Рeugeot 308. Многу сме горди што 308 успеа да се наметне во компактната класа во Германија. Голема благодарност до жирито за автомобил на годината во Германија и целиот тим на Peugeot. Успехот, исто така, ни покажува дека сме на вистинскиот пат со стратегијата ‘моќта на изборот’ и нашиот постојан пат кон електромобилноста. Со новиот Рeugeot 308, веќе електрифициравме 80 % од нашата понуда на автомобили“. Изјави Хаико ван дер Лујт. извршен директор на Peugeot во Германија.

Новиот Peugeot 308: израз на новиот идентитет на брендот

Како прво сериско возило со новото лого на компанијата, Рeugeot 308 е израз на новиот индентитет на брендот Peugeot. Full LED предните светла го прикажуваат типичниот светлосен потпис на брендот со вертикални напред и со форма на три лавовски канџи назад.

Од друга страна, Peugeot i-Cockpit® со компактниот управувач, head-up дисплејот и централниот екран на допир е дополнително развиен и модернизиран кај новиот 308. Со i-Connect Advanced и дигиталните i-Toggles, моделот има интуитивен и мрежно поврзан инфозабавен систем.

Peugeot 308

Новиот Рeugeot 308 се нуди во две plug-in хибридни верзии (електричен и бензински мотор 180 КС и 225 КС) како и со мотор со внатрешно согорување со различни бензински или дизел мотори. Целосно електрична верзија ќе следи во 2023 година.

Поврзани вести

Back to top button