Новиот Peugeot 308 ќе биде достапен и во plug-in хибридна верзија

Француски Peugeot работи на развојот на новата генерација на компактниот модел 308 чија актуелна верзија е на пазарот од 2014. година

Актуелната генерација на моделот Peugeot 308, во 2014. година ја понесе титулата автомобил на годината. И тоа набрзо откако започна сериското производство. Според тоа, наследникот на овој модел мора да биде исклучително добар со цел да продолжи по патот на својот претходник.

Со оглед на тоа дека на пазарот веќе се пласирани новите модели на Volkswagen Golf, Renault Megane и Ford Focus, конкуренцијата е посилна од било кога. Со самото тоа и притисокот врз францускиот производител е огромен, но по се судејќи, тие се подготвени на големи промени.

Прво, и најважно, главен адут на новиот Peugeot 308 ќе биде plug-in хибридниот погон. Тоа го потврди и самиот извршен директор на компанијата Peugeot, Жан-Филип Импарато. Тој покрај тоа ги потврди и шпекулациите дека се разгледува и целосно електрична варијанта, која, ако добие „зелено светло“, ќе пристигне нешто подоцна. Она што исто така е познато е дека Peugeot 308 ќе биде изграден на EMP2 платформата.

„Новиот Peugeot 308 ќе биде достапен во plug-in хибридна варијанта. Нешто подоцна е можна и целосно електрична верзија. Нашите компактни модели и моделите со средни димензии ќе имаат plug-in хибридни погонски погони. Причината е поради тоа што сметаме дека на возачите ќе им биде полесна транзицијата од возила со SUS агрегати на хибриди, отколку директна транзиција на целосно електрични возила“, истакна Импарато.

Peugeot би требало да постави нови трендови во хечбек класата во PSA групацијата. Се очекува моделот 308 да биде пример за верзиите кои ќе ги прават Citroen и Opel, нивните компактни адути C4 и Astra. Сите три автомобили ќе ја користат истата платформа, технологија и погонски единици.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close