fbpx

Новиот Peugeot 308 пристигнува во 2020

Еден од главните играчи во компактната класа, жестокиот конкурент на VW Golf, Ford Focus, Renault Megane…пристигнува за две години, а како што најавуваат Французите ќе биде со слични димензии, но далеку поатрактривен пропростран, поцврст и полесен, со многу технолошки новитети

Иако Peugeot 308 од втората генерација ја завршува петтата пазарна година, не е тајна дека веќе на големо се подготвува неговиот наследник. Моделот од третата генерација, кој се очекува да биде ѕвезда на салонот во париз 2020 година, како и актуелниот ќе биде направен на EMP2 платформата (Efficient Modular Platform).

Колку за потестувања, во октомври 2013, актуелната 308-ка беше првиот лансиран модел надграден на оваа платформа.

Како засега стојат работите ова ќе биде технолошкиот близнак на новата Opel Astrа, која се развива паралелно! Продолжен на 430 cm и проширен на 184 cm, новиот 308 ќе добие подолго меѓуоскино растојание од 265 cm. Коефициентот на отпорот на воздухот ќе се намали, на рекордни за компактната класа – 0,25. Со зголемување на присуството на челик со висока HTS и ултра цврстина, новата 308-ка ќе загуби на тежината 30 до 40 килограми.

Тоа ќе биде мелем за динамичност и штедливост, во склад со EU6d еколошките норми кои стапуваат на сила 2021 година. Во комбинација ќе бидат бензинските PureTech и дизелските BlueHDi агрегати, со од 100 до 200 КС. Во најава се и класични хибридни изведби и plug-in, со погон 4×4.

Поврзани вести

Back to top button