fbpx

Новиот Peugeot 308 пристигнува идната година

Peugeot идната година ќе ја претстави најновата генерација на моделот 308, a потоа се очекува на пазарот да пристигне и караванската верзија

Со оглед на сѐ пократкиот животен век на денешните модели на автомобили, актуелната генерација на Peugeot 308 може да се смета и за вистински ветеран на пазарот. Оваа генерација на 308 се произведува од 2013 година, поради што е очекува наскоро да пристигне наследникот. Иако во 2014 година Peugeot 308 се закити со титулата европски автомобил на годината, но и покрај редизајнот во 2017 година, јасно е дека пристигнува времето за новата генерација. Причина повеќе за тоа е и фактот што Peugeot во меѓувреме ја обнови комплетната гама на возила и доби целосно нов визуелен идентитет кој се одликува со новиот дизајнерски јазик на компанијата.

Според шпекулациите кои ги пласираат дел од европските меиуми, наследникот на Peugeot 308 е веќе во подготовка и ќе биде претставен на есен идната година, додека караванската варијанта ќе пристигне кон почетокот на 2022 година. Двете возила ќе пристигнат со свеж дизајн, по угледот на новите 208, 2008 и 508.

Лансирањето на новиот Peugeot 308 ќе претставува предизвик за францускиот производител, бидејќи овој модел е дел од еден од најконкурентните европски сегменти. Во оваа категорија се наоѓаат Golf, чија осма генерација неодамна беше претставена, потоа Ford Focus, како и уште неколку сериозни ривали како Renault Megane и Opel Astra, a не треба да се заборават ниту Kia Ceed, Hyundai i30 и новиот Seat Leon.

Новата генерација на Peugeot 308 ќе користи унапредена верзија на EMP2 механичката платформа на групацијата PSA, што ќе овозможи за погон да се користат конвенционални бензински и дизел мотори, но и хибриден и plug-in хибриден погонски систем. Се најавува и спортска варијанта со преку 300 КС, која ќе се спротистави на новиот Golf R кој е најавен за ова лето.

Поврзани вести

Back to top button