fbpx

Новиот Peugeot 508 подготвен

Неколку дена пред почетокот на меѓународниот салон во Женева, Peugeot ја претстави целосно новата генерација на моделот 508

Неговата продажба ќе започне во септември.

Од Peugeot истакнуваат дека новата 508 менува сè, доаѓа со компактни димензии, намалена висина, поостри линии и силен дизајн, впечетлив ентериер со интегриран i-Cockpit, со 10-инчен HD екран и head-up екран, со шест различни режими на работа и поднесување на информациите, одлично однесување на патот и огромен спектар високотехнолошки решенија.

Peugeot

Присуство во внатрешноста на автомобилот забележуваат и познатите „типки на пијано“, прекинувачи кои гарантираат брз и лесен пристап до дел од секундарните подсистеми, како аудиосистемот, климатизацијата, навигацијата, мобилни апликации, i-Cockpit Amplify и други. Главен акцент кај новата генерација на моделот, сепак е преминот од концепт на класичен четиривратен седан, кон динамичен петвратен фастбек со опипливо емитување на купе-возило.

Peugeot

За да го засилат дополнително, од француската компанија нудат типичен за брендот компактен управувач, а обрнале големо внимание на конфигурирање на AGR (Aktion für Gesunder Rücken) сертифицираните седишта и позицијата на возачот. Многу е работено на изолацика на кабината, за да може патниците да уживаат при возењето.

За дополнителна удобност, компанијата нуди специјални предни седишта со функција за масажа од осум точки и пет програми. Изработен на нова платформа и 70 килограми полесен од својот претходник, новиот Peugeot 508 ќе се најде на пазарот со повеќе високотехнолошки системи за зголемување на активната и пасивната безбедност.

Peugeot

Во опремата на автомобилот ќе можат да бидат вклучени пилот за сегментот систем за ноќно гледање, адаптивен круз-контрол со функција за следење на движење на возилото напред, систем за позиционирање и задржување на автомобилот во лентата, систем за автоматско активирање на составот за сопирање со функцијата за препознавање на пешаци и велосипеди, автоматски светла и многу други поединости.

Новото Peugeot 508 ќе се нуди во две безински верзии 1.6 PureTech со 180 и 225 коњски сили со осумстепена автоматска менувачка кутија, и четири дизел врз основа на агрегатите 1.5 и 2.0L BlueHDi- BlueHDi 130 со шест-брзински механички и осумстепен автоматск менувач EAT8, BlueHDi 160 S & S EAT8 и BlueHDi 180 S & S EAT8.

Од есента 2019 година, новата генерација на моделот ќе се нуди и во plug-in хибридна бензинска верзија.

Поврзани вести

Back to top button