fbpx

Новиот Peugeot Partner го надминува невозможното!

Ако посакувате да ги комбинирате практичноста и задоволството, да го оптимизирате времето при патувањето, со загарантирана безбедност и сигурност при секој предизвик ... тогаш ова ви го нуди новиот Peugeot Partner, лидерот во сегментот на лесни комерцијални возила (LCV).

Новиот Peugeot Partner донесува многу дизајнерски и технички новини. Peugeot i-Cockpit® е во стандардна опрема, невиден чекор во сегментот, нуди ново возачко искуство кое се залага за продуктивноста. Peugeot го револуционизира сегментот LCV со соодветна, динамична и дарежлива понуда на пазарот – совршена рамнотежа помеѓу удобноста и управливоста – посебна карактеристика на брендот.

Со динамичен дизајн новиот Peugeot Partner не е само практичен и елегантен, тој содржи незаменлив спектар на системи за помош на возачот, кои досега беа достапни само во најновите генерации во седан изведбите. За прв пат, моделот вклучува две главни, оригинални иновации: индикатор за преоптоварување и Surround Rear Vision, вклучувајќи ги и мртвите зони.

1 | Peugeot Partner
2 | Peugeot Partner
3 | Peugeot Partner
4 | Peugeot Partner

    Новиот Peugeot Partner нуди мобилна канцеларија за работа без стрес.

    Димензиите целосно го задоволуваат сегментот на пазарот, тоа е крајно удобно и просторот за товар е попрактичен и пофункционал од било кога.Без разлика каква е вашата професија, ќе најдете соодветна конфигурација која ви овозможува да работате ефикасно. Едноставно проверете ја верзијата Grip која одговара на потребата од цврстина при секакви околности, или верзијата Asphalt за оние од вас кои поминуваат повеќе време зад управувачот.

    Новиот Peugeot Partner е во срцето на претприемачкиот дух, тоа го зголемува вашиот капацитет за позитивни резултати во работата и овозможува да се оди подалеку од она што претходно било невозможно.

    Поврзани вести

    Back to top button