fbpx

Новиот Polaris Slingshot доаѓа со поголема моќ и автоматски менувач

За прв пат откако Polaris Slingshot беше претставен во 2014 година, возилото со три тркала пристигнува со вистински автоматски менувач

Новиот Polaris Slingshot сега е опремен со AutoDrive, кој функционира исто како и автоматски менувач во автомобилите. Производителот од Минесота го опишува AutoDrive како „хидраулично активиран автоматски менувач со пет брзини без спојка“.

Иако новиот Polaris Slingshot делува слично како и претходните модели, од Polaris велат дека 70 проценти од компонентите на последното издание се сосема нови. Како што се наведува 2,4-литарскиот четирицилиндричен мотор на GM е заменет со ProStar 2,0-литарски четирицилиндричен мотор кој е изграден од Polaris Industries и е подесен за поголема моќност.

Во спортскиот R модел, новиот мотор произведува 203 КС, 30 КС повеќе од претходниот модел. Доколку преферирате мануелен менувач, R моделот е достапен и во оваа варијанта. Истиот мотор произведува 178 КС во базичниот SL модел, кој е достапен единствено со AutoDrive.

Неколкуте промени во надворешноста носат дополнително освежување, вклучувајќи и освежен преден крај со LED предни светла и осветлување на центарот како и нови тркала и графички шеми. Внатрешноста, сепак, е целосно обновена со премиум волан со рамно дно обвиткан со кожа, мултифункционални контроли и интегрирана контрола за крстарење, поставена централна конзола и додадени прегради за складирање.

Стандардниот Ride Command инфозабавен систем е исто така ажуриран со нов процесор за побрза интеракција, додека 7-инчниот екран е поставен под подобар агол за гледање. Командата за возење, исто така, може да се конектира со паметен телефон преку две USB портови или Bluetooth за да зачувува музика преку 100-ватниот адуи систем Rockatt Fosgate.

Достапен во „Stealth Black“ или „Miami Blue“ боја, Polaris Slingshot R е проценет на 30.999 долари со рачен менувач, односно 32.699 долари со AutoDrive. SL стартува со цена од 26.499 долари и е достапен во „Red Pearl“ или „Blue Steel“ боја. Двата модели пристигнуваат на пазарот оваа пролет.

Поврзани вести

Back to top button