Новиот Range Rover Sport пристигнува во 2022 година

По промоцијата на новата генерација на долгоочекуваниот Defender, фокусот на Jaguar Land Rover се насочува на други новитети, меѓу нив и целосно новите Range Rover и Range Rover Sport

Според пишувањата на британските медиуми, идната петта генерација на Range Rover се очекува во текот на 2021 година и тоа со нова MLA платформа (Modular Longitudinal Architecture), додека новата трета генерација на Range Rover Sport пристигнува во 2022 година, исто така на MLA платформа.

Благодарение на употребата на алуминиум платформата е полесна од сегашната, а прилагодена е и за употреба на plug-in хибрид и електричен погон.

Во британските медиуми се појавуваат вести дека гамата на новиот Range Rover Sport ќе опфаќа и mild хибрид и plug-in хибрид верзии со шестцилиндричен мотор како и четирицилиндрична хибрид варијанта.

Електричната верзија би можела да има и еден или два електромотори, погон на сите четири тркала, батерии и од 100 kWh, како и автономија која без проблеми ќе минува 300 милји, односно околу 480 километри.

Во поглед на дизајнот не треба да се очекуваат поголеми проблеми, туку еволуција на сегашните решенија, со инспирации од моделите Velar и Evoque. Сето тоа со уште полуксузен ентериер и напредна технологија.

Во секој случај, ова според најавите ќе биде најрадикалниот и технички најнапредниот Range Rover/Range Rover Sport досега, а ќе се произведува во британската фабрика Солихул.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close