fbpx

Kia Sportage влезе во својата петта генерација

Петтата генерација на Kia Sportage ја забележа својата глобална премиера, откривајќи го храбриот нов дизајн кој ја користи новата филозофија

Целосно променетиот и обновениот Sportage влегува во својата петта генерација, а Kia по низата тизери конечно го претстави новиот и храбар дизајн со кој ќе се одликува еден од најпопуларните SUV модели на брендот. Новиот Sportage пристигнува со новата дизајнерска филозофија на Kia наречена Opposites United која првично дебитираше кај Kia EV6. Но, за разлика од електричниот кросовер, Kia Sportage доаѓа со мошне детализирана предница со светлечки елементи кои се истакнуваат и најважно од се, новото лого на јужнокорејскиот бренд.

Kia Sportage

Новитет кај новата генерација на SUV моделот е и преработената верзија од препознатливата Tiger Nose решетка на Kia, која сега е наречена Digital Tiger Face. Црната решетка сега го опфаќа целиот преден дел, а на двата краеви се наоѓаат ниско поставените фарови кои се одделени од решетката благодарение на дневните светла во форма на бумеранг.

Храбриот стајлинг продолжува и на задниот дел, каде што моделот наликува на EV6. Сепак, Sportage добива нешто поконвенционална задна врата, а меѓу останатите карактеристики тука е пластичната заштита и вентилираниот заден браник со лажна заштитна плоча.

Новиот Kia Sportage добива и далеку понапреден дизајн, па така моделот добива „тродимензионални отвори за вентилација“, а една од најголемите промени е целосно новата централна конзола на која се наоѓа ротацискиот менувач. На конзолата исто така се наоѓа и селектор за возачки режими, како и контролите за греење и вентилирање на седиштата. Пред возачот се наоѓа целосен дигитален инструмент кластер и голем инфозабавен екран кои се интегрирани во еден стаклен панел.

Новата генерација на Sportage го доживеа своето интернационално деби во матичната земја, со тоа што лансирањето на пазарот ќе се случи подоцна оваа година на неколку глобални пазари, додека верзијата за европскиот пазар ќе пристигне во септември. Засега нема информации околу погонските опции, но повеќе детали би требало да дознаеме во престојниот период.

Поврзани вести

Back to top button