Новиот Touareg е најтехнолошки подготвениот модел на VW во историјата
Volkswagen официјално ја претстави третата генерација на својот SUV предводник - Touareg. Таа ќе биде во топ понудата на брендот во Европа и нема да биде достапна во САД
Неговата премиера се одржа на посебна манифестација во Пекинг.
Автомобилот е базиран на платформата MLB Evo, која е и во основата на супер моделите како Audi Q7, Porsche Cayenne и Lamborghini Urus. Димензиите на возило пораснале во однос на досегашната генерација, а тоа се одразува и на багажниот простор – од 697 тој се зголеми на 810 литри. И покрај поголемата големина, Touareg е околу 100 килограми полесен од претходниот модел, поради повеќе од 40 проценти алуминиумски содржини во конструкцијата.
Што се однесува до дизајнот, SUV изведбата доаѓа со речиси целосно променет изглед инспириран од Arteon, барем напред. VW може да се пофали дека Touareg користи најквалитетни LED фарови во индустријата. Секој од фаровите користи 128 диоди, кои се контролираат поединечно за најдобро осветлување на патот.
Кога ќе биде лансиран во Европа, моделот ќе биде достапен со два 3.0-литарски V6 дизел мотори. Едниот ќе има моќност од 231 КС, а вториот 286 КС. Уште оваа есен кон нив ќе се приклучат и 3.0-литарски бензински со 340 КС, а топ верзијата ќе биде 8-цилиндерскиот, 4.0-литарски дизел со 421 КС.
Во опремата влегуваат 4-зонска клима, аудио систем со 14 звучници, панорамски покрив, греење, ладење и масажа на предни седишта, воздушна суспензија и друго. Производителот објаснува дека Touareg користи нов состав на внатрешноста наречен Innovision Cockpit. Комбинира голем 12-инчен дисплеј за системот за климатизација, како и уште поголем 15-инчен таблет за контрола на инфозабавниот додаток.
Покрај тоа, забележуваме и распоред на доводите за воздух слично на она кај европските Passat и Arteon. Добри вести се чини дека е фактот дека преминот кон целосно дигитална контрола на функциите не го чинеше копчето за контрола на звукот на аудио системот.