fbpx

Новиот Volvo V60 веќе има верзија Cross Country

Производителот на премиум автомобили Volvo Cars ја претстави верзија Cross Country на новиот V60. Робусната V60 Cross Country е последното дополнување на палетата на сосема нови модели кои биле основа на процесот на трансформација на компанијата во последниве години.

Исто како и неговиот брат V60, кој беше претставен претходно годинава V60CC ја докажува идејата за повеќе функционалното семејно комби. Кон овој профил V60CC ја додава и способноста да се движи по секакви патишта, која е клучна за Cross Country моделите на Volvo, уште од основањето на гамата во 1997 година.

Клиренсот на V60 Cross Country е зголемен за 75 mm наспроти V60, благодарение на специјално дизајнираната шасија и суспензија. Овие промени ќе му ја подобрат можноста за офроуд на возилото. Погонот на сите тркала е стандардна функција, а тука се и функциите контрола на стабилноста и тракцијата: Hill Descent Control, Electronic Stability Control, Corner Traction Control.

v60

Исто како новите модели од серијата 60 и 90 на Volvo, V60 Cross Country се базира на специјално развиената платформа Scalable Product Architecture (SPA) и ги има истите технологии за безбедност.

Познатиот Volvo City безбедносен систем со автоматско сопирање е стандард за V60 Cross Country. Тој ситем му помага на возачот да избегне потенцијални опасности со препознавање на пешаците, велосипедистите и големите животни. Системот за полуавтономниот управување Pilot Assist помага на возачот во свиоци, забрзувањето и запирање. Помага и при патишта со добро означување и брзина до 130 km/h.

Инфозабавниот систем на Volvo Cars Sensus Connect е целосно компатибилен со Apple CarPlay, Android Auto и 4G. Обезбедува лесна конекција на возачот, независно од тоа дали вози во градот или по приградските патишта. Екранот на допир ги комбинира функциите на автомобилот, навигацијата, услугите за поврзување и апликациите за забава.

V60

Новиот Volvo V60 Cross Country ќе биде достапен со бензинскиот мотор T5 AWD и дизел моторот D4 AWD. Хибридните и Plug-in верзиите ќе бидат достапни подоцна.

Поврзани вести

Back to top button