fbpx

Перформансните модели на Renault ќе добијат Alpine беџ

Лука де Мео има свои идеи, визии и најави за Alpine, при што најавува дека идните перформансни модели на Renault ќе бидат токму под овој бренд

Лука де Мео стана извршен директор на Renault во јануари откако го напушти своето место како шеф во Seat. Додека го предводеше брендот кој е дел од VW групацијата, Де Мео го надгледуваше потегот на Seat со создавање на самостоен бренд од Cupra, па така сега ќе се обиде да искористи сличен рецепт, најавувајќи дека ќе се обиде да создаде синергија меѓу Renault и Alpine брендовите.

„Како што направив со Cupra, ќе најдеме некој момент на допир и контакт меѓу брендот Alpine и некои Renault модели. Мораме да бидеме кредибилни со тоа, па сигурно нема да го правиме тоа со Kangoo или Espace. Спојувањето на Alpine и Renault ќе се случи кај моделите кои се адекватни со позиционирањето на брендот“, изјави Де Мео.

Ова отвори шпекулации дека перформансната варијанта на новиот Clio, кој во моментов нема Renault Sport верзија, би можел да биде првиот модел кој ќе го добие третманот. Ваквиот модел би можел да добие Alpine беџ, а истото би можело да се случи и со перформансната верзија на Renault Captur, која ќе се позиционира против Puma ST на пазарот.

Де Мео сака да го етаблира Alpine брендот со три клучни столба сочинети од Alpine Formula 1 тимот, Renaultsport инженерскиот бизнис и историските елементи на Alpine брендот.

„Мораме да престанеме со носталгијата кон Alpine и да го искористиме овој бренд како можност и шанса да се проектираме себе си во иднината, кога станува збор за дистрибуција, технологија, електрични автомобили и така натаму“, заклучи Де Мео.

 

Поврзани вести

Back to top button