NOVITEC со козметички пакет за Tesla Model S
Тјунинг компанијата NOVITEC откри детали за новиот пакет на доработка за електричната Тesla Model S
Тјунинг компанијата NOVITEC откри детали за новиот пакет на доработка за електричната Тesla Model S, кој вклучува козметички детали и модификации во подвозјето и суспензијата, но не и надграден погонски систем.
Со новиот пакет за Tesla Model S, од NOVITEC обратиле внимание главно на подобрување на дизајнот на каросеријата. Поточно во него влегуваат специјален карбонски пакет, нови 21-инчни алуминиумски тркала, а предвидено е исто така можност за персонализација на ентериерот на електоромобиот, па идните корисници можат да изберат помеѓу сериозно скапа кожа и Alcantara во различни бои.
Во однос на потпирањето, NOVITEC нуди варијанти за стандардна и воздушна суспензија. Во првиот случај растојание од подлогата до подницата може да биде намалено за 40 mm, а во вториот случај 25 mm. За подобрување на сопирачките, се нудат карбон керамички дискови.